Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

Николоски: Постигнавме билатерални договори со неколку држави за транспортерите, процесот продолжува

Како Министерство и како Влада правиме сè за да склучиме билатерални договори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како Министерство и како Влада правиме сè за да склучиме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, а нема едно целосно решение. Мислам дека се работи за обична бирократска процедура и бирократизиран систем на носење одлуки, којшто е пребавен и на којшто му е тешко да се смени, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Според Николоски, станува збор за бирократки проблем којшто е штетен како за земјите надвор, така и во Шенген зоната.

– Странските директни инвестиции во Македонија се директно погодени, а најголем дел од нив, преку 87%, се од Европската Унија и самите не можат да најдат алтернативни начини на превози. Што значи, да ова било некој голем план, каде што целта би била да се уништат балканските превозници и бизнисот да го земат некои други превозници, ќе го видевме. Нема таква работа и затоа сум убеден дека се работи за бирократска машинерија, на која што ѝ е тешко да носи нови одлуки, посочи Николоски.

Реклама

Како конкретни чекори, тој посочува дека е склучен билатерален договор со Хрватска, Швајцарија веќе го потврдила договорот, а со Романија е постигнато решение според кое ќе се издаваат дозволи наместо визи.

– Склучивме билатерален договор со Хрватска, после тоа потврди Швајцарија, во финална фаза сме со одредени други држави. Со Романија потпишавме да се даваат дозволи, а не визи. Сега со Бугарија и Грција разговараме со овие превозници кои во истиот ден прават влез-излез, да не се регистрираат, така да со различни држави постигнуваме различни договори, вели Николоски.

Процесот, вели Николоски, продолжува и со други земји, а целта е да се олесни движењето и работењето на македонските професионални возачи низ европските транспортни коридори.