Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Економија

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Успехот што го постигнуваме во развојот на авиосообраќајот е резултат на паметната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успехот што го постигнуваме во развојот на авиосообраќајот е резултат на паметната политика на субвенционирање што ја создадовме 2024 година и почнавме да ја спроведуваме во 2025 година и веќе ги даде резултатите. Секој месец соборуваме рекорди. Во јули, во споредба со јули минатата година, двата аеродроми пораснаа за 21 отсто, во август за 31 отсто – вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Кога бевме избрани, вкупната фреквенција на сообраќај на двата аеродроми заедно беше некаде речиси 2 милиони 400 илјади. Јас очекував до крајот на првиот мандат на оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ некаде околу 3,2-3,3 милиони патници, а веќе за една година стигнавме на 3 милиони патници и оваа година е само прашање на среќа, буквално на десетина илјади патници, дали ќе стигнеме до 4 милиони патници. Значи, држава со 1 милион 800 илјади жители има 4 милиони патници на двата аеродорми. Дополнително на тоа, ние го снабдуваме приштинскиот аеродром целосно со керозин и снабдуваме голем дел од потрошувачката на нишкиот аеродром. Исто така, на скопскиот аеродром е третата најголема база на компанијата „Визер“, во моментот најголема европска компанија по „Туркиш ерлајнс“ во авиоиндустријата и сите нивни авиони што преноќуваат на скопскиот аеродром се најновите „ербаси“, A321 нео“, кои најмалку загадуваат – истакна вицепремиерот Николоски.

Во делот на охридскиот аеродром, вицепремиерот вели дека има огромен раст на сообраќајот, со можност „Визер“ базата да ја прошири и во Охрид со уште еден авион.  

Реклама

– Кога концесијата е дадена, во неа пишуваше дека до 2030 година охридскиот аеродром ќе достигне 130.000 патници. Значи, тоа го определиле концесионерот и државата. Оваа година Охрид ќе помине 350.000-400.000 патници, со многу голема шанса да го замени нишкиот аеродром – вели Николоски.

Најави дека се прецизира отворање на линијата Скопје Д убаи. 

– Дубаи е одлична дестинација. Одлична што голем дел од бизнисот веќе се сели во Обединетите Арапски Емирати, зборувам од европскиот бизнис. Оние големи саеми, каде што се претставуваат производители, веќе мигрираат кон Дубаи, што многу ќе значи за македонските производители, од една страна. Од друга, очекуваме сè повеќе туристи од Обединетите Арапски Емирати и во Скопје – истакна Николоски.