Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Стојаноски: За законот за забрана на пушење треба да најдеме компромис

Пратеникот Бојан Стојаноски во емисија на една од националните телевизии, говореше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Бојан Стојаноски во емисија на една од националните телевизии, говореше на темата за Законот за забрана на пушење, за што кажа дека власта е внимателна околу рестрикциите. Според него, треба да се најде компромис, каде сите засегнати страни ќе бидат задоволени.

-Се чека дополнителна експертско правно мислење за толкувањата на нивните амандмани. Најголем дел од оние коишто треба да одлучат во комисиските филтри во Собранието, односно пратениците коишто се дел од Комисијата за здравство, се медицински здравствени работници коишто немаат особено истакната експертиза во правото, побараа дополнително мислење. Веднаш штом тие мислења ќе ги собереме ќе продолжиме со дискусијата за овој закон, рече Стојаноски.

Тој рече дека треба да се најде компромис од кој сите  засегнати страни ќе бидат задоволени, како што вели, смета дека идејата на предлог-законот е добра, а тој ќе ја поддржи.

Реклама

-Ако видиме дека некој дополнително изразува одредено размислување коешто може да го подобри законскиот тек, зошто да не го вметнеме и тоа. Како почитување на уставните права, за секој пратеник за којшто би сакал во иднина да бидат се почести. Ние сме тука да претставуваме размислувања на различен дел од контигентот на нашите гласачи. Вредно е да се седне да се разговара со овие луѓе, па и да се постигне компромис, вели Стојаноски.