Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

По 11 години обиди, Охрид конечно ќе добие затворен пливачки базен. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 11 години обиди, Охрид конечно ќе добие затворен пливачки базен. За реализација на овој капитален проект, кој почна да се гради во 2015 година, обезбедени се 6 и пол милиони евра. На објектот со години не се работело, приземјето од базенот, каде што требаше да бидат магацински простории, е удавено во вода, а добар дел од алуминиумските лајсни од кровот се испаднати. По направената темелна анализа на состојбата, идентификувани се техничките, финансиските и административните пречки кои го кочеа еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Охрид. Со измените во основниот проект и преземените конкретни мерки, сега се создаваат услови изградбата конечно да продолжи.

„Сите оние работи кои како недостатоци беа забележани во самиот проект, но и во самата документација, затоа што документационо, тендерот кога бил изваден 2014-2015 година и започнат со градба, цените кои што биле тогаш и после 12 години се сосема различни и оној изведувач кој што во тој момент ја имал добиено изградбата на базенот немал можност по тие такви цени сето тоа да биде завршено. И токму меѓу другите причини, токму затоа беше и задршката“, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Градоначалникот Пецаков очекува базенот да биде готов најдоцна за две години. И додека едни проекти конечно се поместуваат од мртва точка, локалната власт изминатите четири години паралелно работеше на подобрување на условите во охридските училишта. Само во основното „Христо Узунов“ од 2023 до 2026 година се вложени повеќе од 200 илјади евра, од кои околу 120 илјади евра само годинава.

Реклама

„Сето она што е случувано, без разлика дали е ново основно училиште кое што после 50 години Охрид го доби, дали е изградба на спортска сала во основното училиште Лескаец, дали се поединечни инвестиции буквално во сите основни училишта, а ако сакаме да бидеме попрецизни во средните, со што тој процес би го заокружиле некаде на крајот на наредната, почеток на 2028 година со инвестициите во гимназијата, со што би добиле буквално и потполно модерни услови“, вели Пецаков.

Новите училници, опремени со смарт-табли и друг училишен инвентар, треба да обезбедат подобри услови за настава. Инвестицискиот циклус во образованието ќе продолжи, целта е да се обезбеди и поголема енергетска ефикасност и да се намалат и трошоците за греење.