Позициите на Македонија и Бугарија остануваат значително оддалечени, но постои волја дијалогот да продолжи. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Софија се сретна со бугарската колешка Велислава Петрова Чамова.
Протоколарно, но срдечно, во амбиент кој дава перспектива за натамошен дијалог за надминување на разликите кои се пречка на патот на Македонија кон Европската Унија.
Муцунски нагласи дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат. Истакна дека без дијалог не може да се дојде до решение, што сепак не е и гаранција за надминување на разликите.
Бугарската министерка порача дека Софија ја поддржува европската перспектива на Македонија и очекува земјата да ги исполни обврските преземени во 2022 година.
Повеќе детали од Матеја Петровски, кој е во Софија. Го вклучуваме директно во вестите.
Матеја, повели.

