Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Андоновски: Мобилната апликација „м.Услуги“ достапна од 28 октомври, безбедна и бесплатна за користење

На 28 октомври ќе биде официјално промовирана мобилната апликација „м. Услуги“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 28 октомври ќе биде официјално промовирана мобилната апликација „м. Услуги“ на која граѓаните ќе имаат можност да ги имаат своите лични документи како лична карта и возачка дозвола во електронска форма на својот мобилен телефон. 

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека апликацијата е безбедна и бесплатна за користење, но не и задолжителна. 

– Ова е првиот чекор кон дигитален паричник. Бесплатна е за користење и за симнување. Не е задолжителна, не мора секој да ја симне, но ќе нуди низа погодности што граѓаните и досега требаше да ги користат како алатки и апликации – изјави вечерва Андоновски на гостување на една од националните телевизии.

Реклама

Апликацијата веќе се тестира и во финална фаза е. Според Андоновски, ќе биде лесна и за користење. 

– Разговараме со Google Play и Apple Play. Ќе биде достапна за сите корисници на мобилни уреди во Македонија со едноставно внесување на личните податоци, од Услуги.мк ќе се повлечат податоците, а со внесување на бројот на личната карта ќе се повлече и личната карта. Целосно безбедна апликација – појасни Андоновски. 

Во однос на најавите за „роаминг како дома“ во земјите од Европската Унија, министерот Андоновски посочи дека веќе е стигнат предлог текстот на договорот и испратен до институциите во земјава кои доколку имаат забелешки треба да ги испратат до крајот на оваа недела. Андоновски очекува до почетокот на 2027 година да биде заокружен делот околу договорот.  

– Го добивме Предлог текстот на договорот пред неколку дена. Веќе го споделивме со колегите од неколку министерства да дадат свое мислење и од овој момент официјално почнуваат преговорите по основ на текстот. Дадов краток рок до крајот на неделата да имам фидбек од институциите и  веќе од следната недела да подготвуваме забелешки од Македонија кон Европската комисија, а потоа влегуваме во разговори со Европската комисија. Очекувам тоа да се интензивира во текот на есента и да го имаме договорот на почетокот на 2027 година – изјави Андоновски за дневникот на Македонската телевизија.