Лекарската комора конечно ќе добие ново раководство. По повеќемесечни контроверзи и одлагања на целиот процес од страна на актуелното раководство, стартуваше процесот за избопр на нов состав на делегати кои ќе треба да ја реализираат попстапката и за избор на нов претседател. На 44 избирачки места низ болниците во Скопје и внатрешноста лекарите гласаат за 80 делегати кои ќе ги претставуваат.
Дел од лекарската фела уште во старт на процесот реагираше дека на дел од избирачите им било укажано гласачките ливчиња да ги пополнуваат исклучиво со „специјални пенкала“ обезбедени од изборната комисија. Во спротивно ливчињата би можеле да бидат прогласени за неважечки. Ова според дел од лекарите отвора прострор за влијание и изборен инѓенеринг. Се сомневаат дека некој свесно сака да го девалвира процесот за да ги спречи промените во комората за кои одамна се предупредува декла се неопходни за поголема ефикасност на оваа ваѓна институција. Оттука и нивните континуирани апели за транспарентност и фер избори без страв дека се нарушува тајноста и слободата на гласањето. Тие воедно ги повикуваа и надлежните институции да ги следат изборите.
Од лекарската комора добивме одговор дека до нив не биле доставени жалби или реакции за нерегуларности за време на изборите. Првичните резултати од гласањето се очекува да бидат достапни веќе утре, а конечните ќе бидат објавени за два до три дена.
Инаку до сега претседателка на Лекарската комора беше Калина Гривчева-Старделова. Таа владееше 8 години со комората, а нејзиниот мандат заврши уште на 1 јули. После 2 мандати, таа повторно нема право на кандидирање за истата позиција.

