Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Добрососедските односи не се алтернатива на европската интеграција, туку еден од нејзините…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добрососедските односи не се алтернатива на европската интеграција, туку еден од нејзините суштински темели, а Коридорот 8 дава можност тој принцип да се преточи во конкретни резултати, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на панелот „Геостратешки контекст на Коридорот 8“ на Меѓународната конференција на министерско ниво во Софија.

Тој ја истакна подготвеноста на Македонија тесно да соработува со сите партнери за Коридорот 8 да стане водечки пример за тоа како поврзаноста може да ги зајакне безбедноста, просперитетот и европската интеграција.

– Во тој дух, би сакал да ја потврдам и подготвеноста на нашата држава да биде домаќин на следната министерска средба за Коридорот 8 – порача Муцунски.

Реклама

Тој нагласи дека Коридорот 8 не се однесува само на побрз или поефикасен превоз на стоки, туку на обликување на стратешката иднина на регионот.

-Станува збор за обликување на стратешката иднина на нашиот регион, поврзување на Јадранското и Црното Море, зајакнување на нашата европска и трансатлантска отпорност и обезбедување конкретни придобивки за нашите граѓани – рече Муцунски.

– Нашата амбиција е јасна. Сега е клучно реализацијата по целата траса да ја достигне таа амбиција – заклучи министерот.

Муцунски на панелот истакна дека Коридорот 8 одамна ги надминал рамките на традиционалната транспортна инфраструктура и денес има суштинско европско, економско и безбедносно значење.

Тој им се заблагодари на бугарските домаќини што повторно ги собраа учесниците, само неколку месеци по средбата во Тирана, за да продолжи разговорот што, како што нагласи, станува сè поважен за стратешката отпорност на Европа.

-Дозволете ми да повторам една порака што ја истакнав во Албанија: Коридорот 8 е многу повеќе од линија на карта. Тој е стратешка визија што ги поврзува Јадранското со Црното Море, Европската Унија со Западен Балкан, како и нашите економии, општества и безбедносни интереси – рече Муцунски.

Во време на геополитичка фрагментација, нарушени синџири на снабдување и обновена конкуренција за критичната инфраструктура, според него, ваквите коридори претставуваат инструменти за отпорност, стабилност и заеднички просперитет.

За Македонија, посочи Муцунски, Коридорот 8 е национален стратешки приоритет и ја одразува решеноста географската положба да ја претвори од ограничување во предност и да ја зајакне поврзаноста на регионот во правец исток–запад.

– Подеднакво јасно е и неговото значење за евроатлантската интеграција. Коридорот 8 е дел од Трансевропската транспортна мрежа на ЕУ и од пошироките напори за интегрирање на Западен Балкан во европската економска и инфраструктурна архитектура. За нашата држава, како сојузник во НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ, тој има и јасна безбедносна димензија, вклучително и во однос на воената мобилност и отпорноста на инфраструктурата – нагласи министерот.

Во овој контекст, Муцунски ја поздрави одлуката на бугарските домаќини да ја поканат Украина на денешниот собир, оценувајќи дека нејзиното учество го потврдува поширокото стратешко значење на поврзаноста исток–запад.

-Нејзиното учество го потврдува поширокото стратешко значење на поврзаноста исток–запад и нè потсетува дека инфраструктурата што ја градиме денес мора да одговори на потребите на утрешна Европа – рече тој.

Муцунски посочи дека Македонија покажала јасна и континуирана посветеност на претворањето на Коридорот 8 од стратешка амбиција во изградена инфраструктура.

Тој информира дека се напредува со реализацијата на клучните патни и железнички делници и дека тесно се соработува со соседите за да се обезбедат поврзаност и интероперабилност по целата траса.

По стапувањето во сила во март на Спогодбата меѓу Македонија и Бугарија за подготовка, изградба и функционирање на прекуграничниот железнички тунел, потсети тој, Заедничката комисија задолжена за нејзино спроведување веќе одржа две средби – првата во Софија, а втората во Скопје, пред само десет дена.

-Ова е значаен напредок. Но спогодбите и декларациите ја добиваат својата целосна вредност само кога по нив следува реализација – истакна Муцунски.

Тој нагласи дека еден коридор, по дефиниција, не може да напредува само на одделни делници и дека напредокот на источната страна мора да биде проследен со соодветен напредок и кон Јадранското Море.

-Доколку реализацијата се одвива со различна динамика долж трасата, се намалува стратешката вредност на целиот коридор – рече Муцунски.

Затоа, според него, сите земји учеснички, вклучително и Албанија, треба сè повеќе да се насочат кон мерлива реализација, конкретни рокови и видлив напредок на терен.

– Нашите граѓани и нашите европски партнери, на крајот, ќе го оценуваат Коридорот 8 според инфраструктурата што навистина ќе ја изградиме, а не според бројот на средби што ќе ги одржиме – порача Муцунски.

Тој ја потврди намерата на Македонија да го исполни својот дел од обврските и нагласи дека прекуграничната соработка е во основата на овој потфат.

Муцунски оцени дека Коридорот 8 може да стане платформа не само за транспорт, туку и за енергетика, дигитално поврзување, трговија, инвестиции, логистика и безбедност.

-Сепак, ниту еден коридор не може да биде успешен изолирано. Потребни се координација, доверба и заедничка одговорност – нагласи министерот.

Тој истакна дека Македонија останува активно ангажирана со Бугарија, Албанија и европските партнери во надминувањето на тесните грла, обезбедувањето финансиски средства и забрзувањето на реализацијата.