Големо мнозинство европски земји се подготвени да водат разговори со Русија за клучните безбедносни прашања, но откако ќе заврши војната во Украина, се наведува во декларацијата потпишана од 39 држави на Европскиот самит во Даблин. Бугарија беше единствената членка на ЕУ што не ја потпиша.
Декларацијата, иницирана од Франција, ги поддржува дискусиите за мерките за управување и намалување на безбедносните ризици, но наведува дека тие би можеле да се одржат само откако ќе се исполнат потребните услови и ќе се воспостави мир. Ваквите дискусии би можеле да опфатат воени ризици и хибридни закани, вклучувајќи саботажи и дезинформациски кампањи.
По разговорите со американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во Москва, Владимир Путин се согласил европски претставници да се приклучат на следната рунда мировни преговори за Украина, но порача дека САД мора да соработуваат со своите европски сојузници за да утврдат дали тие сакаат мир или војна.

