Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Со новото решение за субвенциониран оброк студентите ќе имаат многу привилегии, вели Мицкоски

Новото решение за субвенциониран студентски оброк ќе почне да се применува од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новото решение за субвенциониран студентски оброк ќе почне да се применува од новата академска година – најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Рече дека за новото субвенционирање, за кое разговарале со претставници на студентите, потребни се софтверски интервенции за да биде дел од платформата „М.услуги“ и соопшти дека со новото решение студентите ќе имаат и многу повеќе привилегии. ​

– Имавме состанок со легитимните претставници на студентите. Разговаравме на темата, како Влада понудивме решение. Добивме одговор од студентите, работиме на тоа решение и бидејќи тоа бара софтверски интервенции, да биде дел од платформата „М.услуги“, цениме дека со новата учебна година ќе почне да се применува. Не само што ќе биде во вредност многу повеќе од ова што е сега, туку решението ќе им овозможи и дополнителни попусти во  стопанските субјекти кога ќе ги потрошат тие пари – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при работната посета на Гази  Баба. 

Нагласи дека оваа е прва Влада што исплаќа ваков тип на средства и оти така и ќе продолжи, а во меѓувреме се реалзиираат и други мерки за подобри услови за студирање. Посочи дека неодамна беше пуштен во употреба целосно реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, а до крајот на годината вратите за прием на студенти ќе ги отвори и реновираниот „Кузман Јосифовски-Питу“.

Реклама

– Поделивме речиси 50.000 ваучери по 15.000 денари за електронски уреди. Почнуваме со реконструкција и обнова на осум училишни и студентски дома, градиме универзитетски кампуси на неколку универзитети. Практично, нешто што никогаш во овие 35-36 години не е направено, ние во овие две и пол  години успеваме да го направиме – додаде Мицкоски.