Во Македонија има 135 илјади граѓани кои имаат дијабетес тип 1 или тип 2. Поразително е што 43 отсто од лицата со дијабетес не ни знаат дека ја имаат болеста. За да не се доцни со дијагнозата, а со тоа и да се избегнат компликации од болеста, здравствените власти апелираат редовно да се проверува нивото на шеќер во крвта. Додаваат дека многу е важно сите кои имаат дијабетес тип 1 да имаат континуирано следење на состојбата.
Нездравата храна и отсуството на физичка активност се главни причини за појава на дијабетесот. Затоа предлагаат данок на пијалаците со шеќер, забрана за брза храна во близина на училиштата и здрави оброци за учениците.
Упатуваат апел до граѓаните да не ги игнорираат раните симптоми, како што се постојан замор, зголемена жед и заматен вид, и навремено да направат лекарски преглед.
Оваа година Светскиот ден на дијабетесот се одбележува под мотото „Рана акција за дијабетес“.

