Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика

Македонија гради шест автопати истовремено, а динамиката на реализација на сите делници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија гради шест автопати истовремено, а динамиката на реализација на сите делници се одвива одлично, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во вечерашното гостување во гостување на една од националните телевизии, Николоски за автопатската делница Кичево–Букојчани, чија изградба почна пред неколку дена, рече дека станува збор за технички сложен проект и дека рокот на изградба од четири години ќе биде запазен.

 – Во однос на Кичево-Букојчани, има многу сериозни банкарски гаранции за изведувачите коишто ги поднесоа за извршување на автопатот во рок. Се работи за тешка делница, но не е долга делницата. Оставаме 4 години, и убеден сум дека овој рок ќе биде испочитуван – рече Николоски. 

Реклама

Според планираното се одвива и изградбата на автопатските делници што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка”.

– На Тетово-Гостивар целокупниот пат е пробиен и тоа можат да го видат сите кои патуваат. На Гостивар-Букојчани можат да се видат големите мостови кои веќе се изградени, а очекувам во најбрзо време да го промовираме најголемиот мост како завршен. Динамиката на двата оди добро и очекувам да завршат во 2029 година – рече Николоски. 

Уште подобра динамика, според Николоски, има на Прилеп-Битола, каде од 40км колку што ќе биде вкупната траса, веќе првото отварање ќе го има на средина на следната година, околу 12 км, а втората половина следната година ќе има уште едно отварање и 2028 ќе биде завршена оваа делница.

Во однос на планираната автопатска делница од Струга до Ќафасан, Николоски откри дека државата разгледува алтернативна рута поради ставовите на УНЕСКО, која би можела да биде прифатлива. Тој додаде дека изградбата на автопатот од Скопје до Блаце, се очекува да биде завршен до 2030 година.