Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Златна повелба за животно дело за Јордан Плевнеш од Интернационалната конференција СЕТИ во Белград

Македонскиот писател со меѓународно реноме и претседател на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот писател со меѓународно реноме и претседател на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“, Јордан Плевнеш, ја доби Златната повелба за животно дело на осмата Интернационална конференција СЕТИ VIII (Science, Education, Technology and Innovation), во организација на Меѓународната истражувачка академија (МИАНУ) од Белград.

Конференцијата се одржа од 9 до 11 октомври, а на неа беа презентирани 80 академски трудови од 24 земји, посветени на теми од природните и хуманистичките науки, дигиталните технологии и медиумите.

Претседателот на МИАНУ, проф. д-р Владица Ристиќ во своето обраќање пред меѓународната асемблеа, истакна дека Јордан Плевнеш со своето уметничко и академско дело ја презентира македонската култура и идентитет на сите меридијани. Со бројните интернационални признанија и присуството на неговите дела на театарските сцени и во светскиот книжевен простор, тој го афирмира и Балканот како поле на цивилизација на Љубовта, препознато и во Европа и на повеќе од педесеттина јазици на кои се објавувани неговите дела.

Реклама

Заблагодарувајќи се за признанието, Јордан Плевнеш ја истакна својата благодарност до меѓународното жири на МИАНУ, нагласувајќи дека признанието го доживува не само како лична чест, туку и како признание за македонската култура и високото образование.

Во својата порака, Плевнеш ја нагласи непобедливоста на љубовта како темелна вредност врз која човештвото може да ја гради својата иднина во мир и толеранција, посочувајќи дека научното и уметничкото творештво придонесуваат за создавање свет без граници.