Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Во февруари забележани се 366 случаи на овчи сипаници, 68 на шуга и три случаи на заразни заушки

Во Февруари 2025 година, во Република Македонија евидентирани се 366 случаи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Февруари 2025 година, во Република Македонија евидентирани се 366 случаи на овчи сипаници, 68 на шуга и три на заразни заушки, според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен денес.

Во текот на минатиот месец, пријавени се вкупно 746 заболени лица од акутни заразни заболувања, без вклучување на Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 40,6 на 100.000 жители. Во споредба со Јануари, бројот на заболени е намален за 11,3%.

Најголем број случаи се регистрирани во Скопје, додека најмал број во Охрид. Овчите сипаници се најчестото заболување, со 366 пријавени случаи, што претставува намалување од 32,6% во однос на јануари, а намалување од 44,6% во споредба со Февруари 2024.

Реклама

Во Февруари се пријавени и 22 случаи на инфективна мононуклеоза, 13 случаи на скарлатина, 4 на голема кашлица, еден на легионерска болест, и 18 на салмонела. Исто така, евидентирани се 68 случаи на Шуга и 1 на бактеријски менингитис. Во категоријата сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА), пријавени се 7 случаи, вклучувајќи 4 случаи на вирусен хепатитис Б и 3 на инфекција со хламидија.

Од пријавените случаи на ХИВ, два се потврдени, а еден случај на СИДА, сите од машки пол, од возрасната група 20-49 години. Во 2024 година, евидентиран е еден смртен случај од СИДА.

Од три случаи на заразни заушки, два се од возрасната група 10-14 години, а еден е возрасно лице над 50 години. Два случаи се од Скопје, а еден од Куманово. Еден случај е комплетно вакциниран, додека два други имаат непознат вакцинален статус.

За Ковид-19, во Февруари се пријавени само седум случаи, според податоците на ИЈЗ.