Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Земјоделците да преземат мерки за заштита на младите есенски и градинарски култури од површинско замрзнување на почвата

– Земјоделците будно да ја следат временската прогноза. Поради најавените минусни температури,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Земјоделците будно да ја следат временската прогноза. Поради најавените минусни температури, да преземат мерки за заштита на младите есенски посеви кои се во фаза на никнување и на новозасадените градинарски култури од површинско замрзнување на почвата, апелираат агрометеоролозите од УХМР.

Се препорачува мулчирање или површинско покривање на почувствителните растенија со заштитна фолија (агротекстил) за да се зачува акумулираната топлина во почвата и да се спречат оштетувања на кореновиот систем од првите ноемвриски мразеви.

-Земјоделските производители треба редовно да ја следат состојбата на своите посеви по дождот и да проверуваат дали има прекумерно задржување вода. Се препорачува одложување на ѓубрењето во периоди на висока влажност, за да се избегне ризикот од испирање и загуба на хранливите материи. Поради зголемената релативна влажност во зоната на растенијата, создадени се поволни услови за појава на растителни болести и штетници, па затоа е неопходна редовна контрола, нагласуваат агрометеоролозите.

Реклама

Според нив, врнежите се добредојдени, особено за есенските посеви. Оптималните рокови за есенска сеидба се во тек, а дел од житните култури, како пченицата, во некои региони се веќе во фаза на никнување.

-Врнежите во овој период се од исклучително значење, бидејќи обезбедуваат влага која е главен услов за р’тење и правилен развој на семето. Во лозарските региони голем дел од врнежите што паднаа се акумулираат во подлабоките слоеви на почвата, што е одлично за следната вегетативна сезона. Кај овошните култури во овој период од годината е потребно да има доволно влага и на длабочина над два метра. Ова му овозможува на растението да обезбеди резервна зимска влага, поради што дождовите влијаат позитивно. Кај некои доцни овошни сорти, како дуњите, јапонското јаболко и калинката, во тек е бербата на плодовите. Овошките имаат потреба од вода и по бербата, за да се кондиционираат, да презимат без оштетувања од ниски температури и да формираат квалитетни родни пупки за идната година. За постигнување висок и квалитетен принос, почвата мора да има доволно лесно достапна вода во текот на целата вегетација, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Додаваат дека е во тек и садењето на одделни градинарски култури, како и собирањето на преостанатите есенски плодови.