Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Од денеска нови правила за повлекување пари од Алта банка – се зголемува лимитот на 15.000 денари

Една недела откако воведе привремена управа, Народната банка ги ублажи ограничувањата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една недела откако воведе привремена управа, Народната банка ги ублажи ограничувањата во битолската Алта банка. Од денеска стапуваат во сила три нови правила.

Неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичка се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. Во Тетово и Струмица се отвораат шалтери на кои клиентите без картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари во две недели, а новите плати, пензии и социјална помош ќе можат да се повлекуваат во целост, доколку доаѓаат од други банки.

Мобилното и електронското банкарство повторно се во функција, но со ограничени можности за корисниците. Засега, клиентите можат да ја проверуваат и следат состојбата на своите сметки, додека останатите банкарски функционалности сè уште не се достапни.

Реклама

Парите на клиентите остануваат на сметките, а за депозитите до 30.000 евра гарантира Фондот за осигурување на депозити.

За правните лица, според првично објавените ограничувања, и натаму се дозволени внатрешни плаќања кон други сметки во истата банка, но не и префрлање средства надвор од банката преку домашните платни системи или подигање готовина од нејзините банкомати и шалтери.

Привремено се ограничени и плаќањата кон странство за физичките и правните лица, додека приливните плаќања од странство продолжуваат да се реализираат преку СЕПА и кореспондентското банкарство.

Клиентите кои имаат кредити во банката и понатаму треба редовно да ги подмируваат ратите.