Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

До 20 ноември трае аплицирањето за студентска стипендија по новиот модел на МОН

До 20 ноември студентите можат да аплицираат за студентска стипендија за академската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 20 ноември студентите можат да аплицираат за студентска стипендија за академската 2026/2027 година. Пријавувањето на конкурсот што го објави МОН е исклучиво електронско, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

Вкупниот број стипендии останува непроменет во однос на лани и изнесува 3.000, но МОН годинава воведе нов модел на стипендирање, со нови категории и поинаква распределба на средствата.

„Промената не е во намалување на поддршката, туку во нејзино подобро насочување и пошироко препознавање на потребите и потенцијалите на студентите. Се воведува значајно унапредување на досегашниот модел на студентско стипендирање. Новиот модел носи поинаков пристап во распределбата на државната поддршка – пристап кој истовремено ја препознава социјалната ранливост, го вреднува академскиот успех и го поттикнува образованието на кадар во области од стратешко значење за државата“, соопшти МОН.

Реклама

Во категоријата од 1.200 стипендии за социјална поддршка, првпат се воведуваат посебни стипендии за студенти со попреченост и студенти со ретки болести, со по 50 стипендии за секоја од овие категории.

Се воведува и нова категорија од 1.050 стратешки стипендии, наменети за студенти кои студираат во области од особено значење за идниот развој на државата. Станува збор за студиските програми по математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство.

Дополнително, се воведуваат и 750 стипендии за студенти кои постигнуваат висок академски успех, односно имаат просечен успех од најмалку 8,50 и континуирано ги исполнуваат академските обврски.

За стратешките стипендии месечниот износ е 18.000 денари, додека за социјалните стипендии и стипендиите за висок академски успех изнесува 6.050 денари.