Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче по стапките на Заев е спремен да оди чекор понатаму со сервилноста и отстапките во трката за власт по секоја цена

Во СДСМ ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во СДСМ ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев во предавничките политики и е спремен да го надмине Заев во сервилноста само поради една цел, да остане на тронот во СДСМ и да добие власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче целосно ја следи политичката линија на Заев, а секоја негова изјава и постапка го потврдува тоа, Филипче е трет после Заев и Ковачевски кој без двоумење е спремен да ги продолжи истите одлуки и чекори кои ја доведоа Македонија во подредена состојба, во однос на Бугарија и блокада на Европскиот пат.

Од што е толку исплашен Венко Филипче, што по секоја цена се обидува да ја зачува позицијата во СДСМ па дури е спремен и на национални и идентитетски отстапки кои задираат во идентитетот и се на штета на државата?

Реклама

Филипче од пред гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговата смрт изјави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од бугарски официјални претставници, каде отворено Бугарија го негира идентитетот, Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот.

Филипче се прави дека ништо не видел, и не слушнал и ги игнорира проблемите. Филипче заборава дека токму погрешните политики на СДСМ како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, Францускиот предлог, се целосна вина на СДСМ за што сега Македонија се наоѓа во позиција да биде уценувана и блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ.

Филипче нема црвени линии и нема концепт и стратегија. Филипче само ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата.

На Македонија и се потребни политичари кои имаат план, стратегија и визија за државата и кои ги штитат државните интереси, СДСМ и Венко Филипче не го нудат тоа.