Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Здравство

Васев и Нухи излегуваат од притвор: Судот прифати имотна гаранција од над 532.000 евра

Ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи се спасија од притвор и  ќе се бранат од слобода.Наместо зад решетки,сега со гаранции во недвижен имот и со неколку мерки на претпазливост, обвинетите ја чекаат судската разврска дома. Васев понудил гаранција од речиси 184 илјади евра, а Нухи над 348 илјади евра. Со одлукатана кривичниот суд […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи се спасија од притвор и  ќе се бранат од слобода.Наместо зад решетки,сега со гаранции во недвижен имот и со неколку мерки на претпазливост, обвинетите ја чекаат судската разврска дома. Васев понудил гаранција од речиси 184 илјади евра, а Нухи над 348 илјади евра. Со одлукатана кривичниот суд се согласило и обвинителството. Отсега двајцата поранешни раководители на Клиниката ќе имаат обврска да не го напуштаат живеалиштето, еднаш месечно да се јавуваат во Судот и без пасош ќе ја чекаат следната фаза од постапката.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на Н.В. и Н.Н. за укинување на мерката притвор со определување гаранција, по добиено позитивно мислење од надлежното Јавно обвинителство, донесе решение со кое предлогот се уважува. Со оглед дека надлежното обвинителство се откажа од правото на жалба против овие решенија, а хипотеката понудена како гаранција е веќе впишана во Катастарот на недвижности, истите станаа правосилни, по што обвинетите се ослободени од притвор“, се наведува во соопштението на Судот.

На Васев и Нухи, им се суди во случајот „Онкологија 2“, еден од најголемите здравствени скандали во земјава. Обвинителството ги товари дека со незаконски набавки на скапи онколошки лекови и злоупотреба на службената положба го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра

Реклама

Според обвинението,преку спорни постапки и злоупотреби на систем на реверси, биле доведени во заблуда државни институции, а овозможена била противправна корист за повеќе фармацевтски компании.

И покрај сериозните обвинувања за кои се товарат двајцата ексдиректори од самиот почеток тврдат дека не се виновни.

Првично беа во куќен притвор,но по жалба на Обвинителството Апелација ја преиначи мерката во ефективен притвор. Сега,со прифатени гаранции во недвижен имот вредни повеќе од половина милион евра, Васев и Нухи повторно одат на слобода и судскиот процес ќе го следат надвор од притвор.

Покрај овој предмет, на д-р Васев му се суди и во случајот „Онкологија 1“, кој се однесува на несовесно лекување пациенти, каде на обвинителна клупа се уште двајца лекари онколози.