Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Македонија

Училиштата може да аплицираат за средства од МОН за активности за заштита на учениците од насилство, зависности и деликвенција 

 Триесет основни и 15 средни училишта во државата ќе добијат средства од Министертството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Триесет основни и 15 средни училишта во државата ќе добијат средства од Министертството за образование и наука во износ од 60.000 денари за да реализираат активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции и малолетничка деликвенција во учебната 2026/2027.

МОН ги објави повиците за основните и за средните училишта за доделување средства и секое заинтересирано училиште треба да аплицира најдоцна до 15 декември 2026, да достави електронска пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk

Селекцијата со рангирање на пристигнатите апликации, во согласност со одредените критериуми, ќе ја прави комисија за вреднување, формирана од министерката за образование и наука. 

Реклама

Во рок од 30 дена од денот на завршувањето на јавните повици комисијата за вреднување на веб-страницата на МОН ќе објави списоци на основни и на средни училишта што ќе добијат средства.

Јавните повици содржат информации како треба да се пријават училиштата и насоки за целите на програмата што треба да ги постигнат, а кои треба да бидат конкретни, мерливи, остварливи, реални и временски ограничени.

Училиштата што ќе добијат по 60.000 денари од МОН, како што е наведено во јавните повици, должни се да достават извештај до Министерството за образование и наука за наменско искористување на одобрените средства во рок од 30 дена од денот за завршување на активностите од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции и малолетничка деликвенција.