Бугарија тактизира со средбата Муцунски-Петрова. Иако ги брифираат своите медиуми дека средба ќе има, нивното министерството за надворешни работи се уште официјално нема испртаено одговор до нашето дали ќе има таква средба. Се обидуваат да ја миниммизираат, објаснувајќи дека на маргините на состанокот за Коридорот 8, секако ќе имало средба, но таа била редовна, а не посебна за отварање на дијалогот меѓу двете страни за решение на спорот, како што очекува Македонија, но и Европската унија. Премиерот Мицкоски пак, не очекува ништо посебно од средбата, имајќи го во предвид однесувањето на официјална Софија. Вели тоа ќе биде средба на конопој.
„Па, имајќи ја предвид мојата анализа, која што вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, ќе бидам повторно дипломатски некоректен: имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо. Очекувам некој дијалог „пул а сајд“, ние така го викаме, на коњопој, и тоа отприлика да биде тоа“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада.
Оптимизам нема ниту кај аналитичарите. Новинарот и колумнистот Цветин Чилиманов вели дека средбата ќе се случи поради тоа што Бугарија не може да го игнорира барањето на претседателката на Европската комисија, но однесувањето на официјална Софија покажува дека бугарската страна сака да ја минимизира средбата и да не и даде тежина.
„Ќе се случи средбата, доаѓа по иницијатива на претседателката на ЕК. Бугарија нема да откаже, но на некој начин го минимизира нејзиното значење затоа што не сака да ја официјализира по дипломатски канали. Тоа е се во насока на тенденција на намалување на објективитетот на македонската страна и на нашата специфична тежина во овие разговори, кои според Бугарија нели не ни треба да се водат, ниту да се сметаат за разговори. Сепак, средбата ќе се случи и тоа е една голема придобивка од посетатана Фон Дер Лајен. Второ, таа го потрди македонскиот идентитет, тоа е показател дека работите се движат“ вели Цветин Чилиманов, колумнист и аналитичар.
Средбата меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија треба да се случи во четврток на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8. Иницијатива за средбата испрати претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен за време на нејзината посета во Скопје, во обид да се отвори дијалог меѓу двете страни за решавање на спорот. И додека македонската страна упорно се обидува најде решение за билатералното прашање без да не наруши македонскиот национален идентитет, Бугарија упатува на почитувањето на протоколите со кои се задира по историјата и идентитот на македонскиот народ, а ги потпиша владата на СДСМ и ДУИ.

