Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Прилози

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Три милиони и триста илјади патници за само девет месеци. Македонските аеродроми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три милиони и триста илјади патници за само девет месеци. Македонските аеродроми  продолжуваат да рушат рекорди. Во однос истиот период лани авиосообраќајот е зголемен за 29 проценти.   Ова е резултат на паметните политики и субвенционирањето на Владата  кое  започна уште во 2024 година вели Вицепремиерот и Миниситер за транспорт Александар Николовски. Од месец во месец, бројот на патници е се поголем.

-Секој месец рушиме рекорди, ако јули месец  споредено со јули минатата година двата аеродроми пораснаа 22 посто август пораснаа 31 посто. Кога бевме избрани вкупната фреквенција на сообрајќај  на двата аеродроми заедно беше некаде околу 2.400. Јас очекував до крајот на првиот мандат на оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ , ние сме некаде околу 3.200, 3.300 патници. Веќе стигнавме за една година на 3 милиони патници и оваа година е само прашање на среќа буквално на десетина илјади патници дали ќе стигнеме до 4000 патници–истакна Вицепремиерот и Министер за транспорт и врски Александар Николоски.

 Импресивниот пораст на патници на двата аеродроми, според менаџментот на ТАВ се очекува да прдолжи. Од таму велат дека се посветени на квалитетот на услугите, со цел македонските аеродроми да ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди.

Реклама

 „ Овој пораст се одрази и на ранг-листата на ACI-Europe според која Македонија во август беше рангирана како втор најбрзо растечки авијациски пазар во Европа. Би сакал искрено да им се заблагодарам на вработените на аеродромите за нивниот професионализам, напорна работа и посветеност, како и на Владата, авиокомпаниите како наши партнери и сите засегнати страни кои придонесуваат кон континуираниот пораст на македонскиот авијациски сектор. Очекуваме овој позитивен тренд на импресивен двоцифрен пораст на авиосообраќајот да продолжи, но нашата амбиција оди подалеку од порастот на бројот на патници– вели генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.

За споредба, лани преку цела години македонските аеродроми опслужиле над 3 мулиони и 400 илјади патници. Што значи дека за девет месеци годинава е достигнато околу 96 проенти од минатогодишниот резултат.

Од Скопје најмногу се летало до Истанбул , Базел-Милуз , Минхен, Дортмунд и Цирих .