Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Владата на СДСМ прифати сè што Бугарија побара. Дури договараа и продажба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на СДСМ прифати сè што Бугарија побара. Дури договараа и продажба на пет приватни македонски компании. И затоа сме во оваа позиција – истакна заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски. 

– Во 2022 година СДСМ ѝ прифати сѐ на Бугарија, им дадоа празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Христијан Мицкоски не се договараше во пакет и тоа не знам како затоа што се работи за приватни компании – на Бугарија да ѝ се продадат една национална телевизија, еден телеком-оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор. Ние такви работи не договаравме, ниту договараме. И тоа Бугарија го правеше затоа што виде дека на другата страна има сервилна влада, која е спремна да продаде сè. Такви работи договараше владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче – посочи Николоски.

Суштинската разлика, како што потенцира Николоски, е тоа што СДСМ ги продавал националните интереси и затоа граѓаните го казнија на изборите.

Реклама

– Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив. Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура, која единствено и само имаше интерес да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се. Народот во 2024 година јасно кажа. ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратеници заедно со коалицијата, со „Вреди“ и со ЗНАМ, СДСМ доби 18 пратеници.  СДСМ е бетониран горе-долу на оваа бројка на пратеници што ја гледате и што ги има сега. Може да се еден-два пратеници минус или еден-два пратеници плус, ако имаат малку повеќе среќа на изборниот ден. Природно е во секоја европска држава опозицијата да расте, а вие не растете, тоа значи дека имате проблем – нагласи Николоски во интервјуто.