Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Битолскиот виш обвинител кој влијаел во постапки остана без пасош

Наместо да ги гони  да и се бори за праведна казна, битолски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да ги гони  да и се бори за праведна казна, битолски виш обвинител правел се за да им го олесни животот на осомничени и обвинети за кривични дела.. Пецо Везироски ја искористил својата положба во Вишото битолско обвинителство, за да влијае врз колеги во најмалку четири предмети кои биле во нивна надлежност.

Меѓу предметите во кои интервенирал се споменува и случајот со контроверзниот бизнисмен Борче Марковски, обвинет за матни тендери во РЕК Битола вредни 1,7 милиони евра. Марковски прво доби притвор, па потоа му беше укинат со гаранција од фантастистични речиси 5 милиони евра. Во јуни годинава газдата на Марковски Компани побара и враќање на патната исправа, но струшкото обвинителството го одби. Но по жалбата во Битолското Вишо обвинителство пасошот му беше вратен, по што Марковски замина во Србија.

Судот му го одзеде пасошот на Везироски и го оддалечи од работата додека трае постапката против него, по барање на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Реклама
  • „Против П.В., кој се сомничи за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, со оглед на фактот дека судот не може да му определи построга мерка од мерката предложена од јавниот обвинител, му се се определуваат мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности“ соопштија од Кривичен суд Скопје.

Според досегашниот информации од полицијата и обвинителството,  Везироски бил под посебни истражни мерки со кои се обезбедиле докази дека тој во четири поединечни предмети ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети во кривична постапка.

Вчера во направените претреси во домот на осомничениот Везироски и канцелариите во вишото битолска обвинителство за да се соберат дополнителни докази, биле пронајдени шест мобилни телефони, едно УСБ и приватен лаптоп.

  • „П.В. во функција на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Битола во повеќе наврати влијаел при донесувањето на одлуките од страна на други јавни обвинители, со цел изрекување на поблаги казни за сторителите“ изјави Гоце Андреевски од МВР.

Вишиот јавен обвинител се сомничи за кривичното дело „примање награда за противзаконикото влијание“.