Ни железните профили кои биле само маска не помогнале речиси 80 килограми марихуана да завршат на турскиот пазар. По добиени разузнавачки информации, криминалната група која сакала да ја приошверцува дрогата била фатена на граничниот премин Дојран. Меѓу уапсените е и шофер од Босна и Херцеговина, ској со себе ја имал пломбата од камионот натоварен со железни профили кои требало да се испорачаат во Грција, а марихуаната да продолжи до Турција.
Оваа заплена е само последна од низата апсења во последниве две години, кои се одвиваат во рамките на голематѕа акција „Чистач„, со кој македонија терба да се исчисти од криминалцуите. Над 75 илјади претресени, 5600 уапсени и над 1150 кривични пријави.
Но залудни ќе бидат апсењата, заплените и акциите на полицијата доколку криминалците на крајот добиваат благи казни и повторно се враќаат на улица. За докрај да се расчистува со криминалот, тргоцијата и шверцот со дрога потребна е ефикасна и строга казнена политика. Според полицискиот началник Ѓурчевски, резултатот на МВР се должи и на пресекувањето на долгогодишната врска помеѓу политичките елити и криминалното подземје.
- „Тука мислам дека Министерството постигна најголеми успеси, во раскинување на таа како што вели папочна врска помеѓу политичките елити и криминалните групи, кои што во изборните процеси ги вршат валканите работи во интерес на политичките елити а згора на тоа добиваат и заштита во делот на остварување на неказнивоста“ – Љубомир Ѓурчевски – поранешен началник во МВР. .
Но сепак, придобивкирте од акциите на МВР ќе бидат целосни кога и другите истражни и органи на прогонот подеднакво ќе се заложат во борбата против криминалот. Ѓурчевски вели дека дури со споредба на сработеното од обвинителите ќе може да се види колку од случаите се процесуирани.
- „Мене многу ми е битно, на тие податоци со кои што излезе МВР, дека се приведени 5000 и нешто, извршени 2000 претреси на лица и објекти, што се активности за секоја пофалба, мене ми е многу битно и судските органи судските органи односно јавното обвинителство да излезе со податоци колку од тоа е процесуирано, како е процесуирано…“ рече Љубомир Ѓурчевски – поранешен началник во МВР.
Со расчистувањето на организираниот криминал, уличните престрелки и насилства, трговијата со дрога и тешките кражби по домови, МВР придонесува за поголема безбедност, особено во делот што директно ги засега граѓаните.

