Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

1,5 милијарди денари за градинки и училишта – целта е нула листи на чекање за упис на децата

Над милијарда денари се издвојуваат за инфраструктурни проекти, а дел од инвестициите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над милијарда денари се издвојуваат за инфраструктурни проекти, а дел од инвестициите се насочени кон објекти наменети за најмладите. Владата најавува изградба и реконструкција на детски градинки и училишта во повеќе општини, со цел зголемување на образовните капацитети и намалување на листите на чекање за згрижување на децата. Во тек е изградбата и реконструкцијата на вкупно 37 објекти низ цела држава, од кои 16 се само во Скопје. Амбицијата на надлежните е до крајот на мандатот листите на чекање во градините да се сведат на нула.   

„Милијарда и 500 милиони, тоа се околу 25 милиони евра, се средства наменети односно децентрализирани од буџетот кон општините за изградба, проширување, реконструкција, пренамена на градинки. 16 се во фаза на изработка во Скопје, а 37 се на целата територија на Македонија и со тоа како што кажав, резулатот очекувам на крајот да биде да нема повеќе листа на чекање за децата.“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Република Македонија.

Паралелно со инфраструктурните инвестиции, фокусот е ставен и на зголемување на бројот на воспитно-образовниот кадар. Во детските градинки низ цела Македонија досега се вработени и унапредени повеќе од 1.000 воспитувачи. Целта, како што велат од Владата, е да обезбедат подобри услови за престој и развој на децата, но и да се отворат дополнителни места за оние кои во моментов чекаат за упис.

Реклама

„Во овие изминати две години, Министерствотоза социјална политика, демографија и младиво делот на предучилишното образование, односно во детските градинки во цела Макеоднија, има вработено и унапредено над 1000 луѓе. Тоа значи дека имаме донесено квантитет на кадар, кој што е дополна на потребите и на капацитетите во самите градинки, но дополнување на оној квалитет внатрешен да го искористиме за подорување на активностите и програмите во самите градинки.“, изјави Ѓоко Велковски, Министер за социјална политика, демографија и млади.

Еден од примерите за реализација на инфраструктурните проекти на Владата  е и новата градинка „8 Април“ во Шуто Оризари, која денеска беше свечено отворена. Надлежните посочија дека наскоро ќе биде дадена согласност и за вработување на потребниот кадар, со што објектот ќе биде целосно ставен во функција. Проектот е реализиран со поддршка од централната Власт како и од меѓународните партнери.

„Навистина се добри вестите дека овде во Шуто Оризари имаме 4 занимални кои можат веднаш да се користат, штом ќе се обезбеди потребниот кадар. Инфраструктурата е тука, опремата е оезбедена, децата чекаат, не с епотребни големи нови инвестиции.“, изјави Кристоф Зомер, Амбасадор на Швајцарија во Македонија.

Од Владата уверуваат дека ваквите проекти ќе продолжат и во останатите општини, со очекување новите и реконструираните објекти да значат повеќе места за децата, како и подобри услови за работа.