Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Таравари и Клековски апелираат: „И оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, треба да се јават на лекар поради можни вдишувачки изгореници“

Министерот за здравство, Арбен Таравари, утрово информираше дека сите пациенти се во…

Сподели:

Министерот за здравство, Арбен Таравари, утрово информираше дека сите пациенти се во релативно стабилна состојба, а повредените кои беа испратени на лекување во странство се сместени во болниците и нивната состојба е под контрола. Сепак, министерот посочи дека денеска се јавуваат нови пациенти кои досега не се пријавиле, а двајца од нив веќе побарале помош во болницата во Штип.

„Среќа е што сите пациенти што беа донесени во болниците се во стабилна состојба. Сите 51 пациенти кои беа транспортирани во странство, исто така, се во генерално стабилна состојба. Сепак, имаме нова ситуација – има пациенти кои вчера не се јавиле, но денеска се јавуваат. Апелирам до сите кои биле присутни на трагичниот настан во Кочани да се пријават, без разлика дали се чувствуваат добро или не. Ако не покажуваат симптоми, барем да се консултираат со матичниот лекар“, изјави Таравари.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, ја дополни изјавата на министерот, нагласувајќи дека сите кои биле присутни на настанот треба да се јават на лекар, дури и ако се чувствуваат добро.

Реклама

„Мораме да сме свесни дека се можни вдишувачки изгореници кои можат да го оштетат дишните органи. Затоа, сите кои биле во дискотеката, и оние кои се чувствуваат добро, треба да се јават на лекар за да се провери дали имаат внатрешни повреди“, истакна Клековски.

Министерот Таравари додаде дека ќе бидат назначени лица кои ќе им даваат информации на роднините на пациентите кои се во странство. Поради сериозноста на повредите, пред сè изгорениците од втор и трет степен, се очекува дека компликации ќе се јават денеска и утре. Поради тоа, дел од пациентите биле испратени во други земји за да се осигура дека ќе добијат потребна нега во изолирани услови.

Меѓу испратените во странство се и 20 пациенти кои се во критична состојба. „Тие се критични не затоа што состојбата се влошила, туку затоа што нивните повреди се сериозни, но сите се под контрола и во релативно добра состојба“, рече Таравари.

Во моментов, 49 пациенти се сместени во Клиничкиот центар, 18 во Градската општа болница „8 Септември“, а 17 во Стара градска болница. Во Кочани и Штип нема повеќе пациенти од пожарот, а двајца нови пациенти се пријавиле денес.

Од почетокот на инцидентот, десетина пациенти биле испратени во странство: во Турција (девет), во Бугарија (14), во Грција (пет), во Србија (17), во Унгарија (двајца) и во Литванија (четворица). Денеска се очекува да се испратат уште неколку пациенти во различни земји, вклучувајќи Словенија, Хрватска, Австрија и Белград.

Таравари нагласи дека ситуацијата е целосно под контрола и дека здравствените власти се фокусирани на минимизирање на компликациите и обезбедување на најдобра можна нега за повредените.