Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Здравство

Состојбата на сите пациенти е стабилна, генерално стабилни се и пациентите кои се лекуваат надвоор од државата

Последиците од ужасниот пожар во Кочани се потешки. Најкритичните се лекуваат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последиците од ужасниот пожар во Кочани се потешки. Најкритичните се лекуваат во соседните земји. А релативно стабилна е состојбата на повредените кои се хоспитализирани во скопските клиники. Има и потешки случаи кај кои е непредвидлива ситуацијата.93 пациенти се лекуваат во Скопје, 80 се хоспитализирани во странство.

Здравствените власти велат ако се влоши состојбата на некои пациенти кои се лекуваат во државата итно ќе бидат пренесени во друга земја. Болниците во Италија,Холандија и Белгија од денеска се ставија на располагање. Лекарите кои се грижат за пациентите изразија оптимизам, но предупредија дека состојбата на некои пациенти може да се влоши поради природата на нивните повреди, посебно труењето со штетни гасови. Според нив, сите пациенти сместени на КАРИЛ и во ГОБ “8-ми септември” се под контрола, но некои од нив покажале знаци на влошување на состојбата.

Добри вести од Анкара, петмина пациенти  се симнати од респиратори, им се подобрува состојбата. Стабилни се и сите пет пациенти примени во болниците во Солун. Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна.

Реклама

Здравствените власти се во преговори со Австрија, Шведска, Холандија, Хрватска, Норвешка и со Словенија, и за краток период ќе се знае по колку пациенти ќе може да се испратат во нивните центри.

Неколку дена по ужасниот пожар во кочанската дискотека се зголемува бројот на повредените луѓе како последица од вдишувањето на врелиот и токсичниот воздух.  Директорот на ФЗОМ, Клековски откри дека медицински тим од Британија, ќе подготвува рехабилитација за пациентите кога ќе почнат да се враќаат од странство.

Завршена е обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани.Вкупно повредени се 196 луѓе од кои 20 се деца.