Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани во бугарските болници е критична, петмина се интубирани

Бугарија прими 14 повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија прими 14 повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои се хоспитализирани во три болници. Според информациите од здравствените установи, сите пациенти се во тешка состојба, со изгореници и вдишување на жешки гасови, јави БТА. Во Универзитетска мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина „Н.И. Пирогов“ во Софија, примени се осум пациенти, од кои тројца се малолетни на возраст од 15 и 16 години. Останатите петмина се на возраст од 19 до 31 година, а пет од нив се интубирани.

Во Мултипрофилната болница за активно лекување Варна при Воената медицинска академија се хоспитализирани тројца повредени, на возраст 17, 20 и 25 години. Двајца од нив се на апарат за механичка вентилација.

Во УМБАЛ „Св. Георги“ – Пловдив исто така се примени тројца пациенти, на возраст 19, 21 и 49 години, со изгореници од втор и трет степен, како и оштетувања од вдишување на жешки гасови.

Реклама

Информации за состојбата на пациентите

Најновите информации за здравствената состојба на повредените ќе бидат достапни за нивните најблиски во следните термини:

  • УМБАЛСМ „Пирогов“ (Софија) – во 08:00 и 13:30 часот пред Одделот за реанимација на Клиниката за изгореници (втор кат).
  • МБАЛ-Варна при ВМА – во 09:00 и 12:00 часот.
  • УМБАЛ „Св. Георги“ – Пловдив – од 08:30 до 09:00 и од 17:00 до 17:30 часот.

Министерството за здравство на Бугарија обезбеди 24-часовна телефонска линија за информации за болниците каде што се сместени повредените. Телефонскиот број е +359 2 8050 300.