Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Здравство

Сопственикот на фирмата што ја управувала дискотеката приведен: фирмата имала блокирана сметка

Фирмата што ја водела дискотеката „Пулс“, основана на 29 мај 2020 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фирмата што ја водела дискотеката „Пулс“, основана на 29 мај 2020 година, имала блокирана банкарска сметка. Александар Карадакоски, кој е директор на фирмата „ММММ кафе доел Кочани“, која ја управувала со дискотеката, е приведен. Според последните податоци, фирмата имала долг од околу 3.000 евра во 2023 година.

МВР, во соработка со Јавното обвинителство, до сега осомничило повеќе од 20 лица во врска со трагедијата во Кочани. Од нив, 15 се приведени во полициска станица, а некои од осомничените се починати или се во болница. Министрот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека четири осомничени лица се во болница, меѓу кои двајца членови на бендот, син на сопственикот на дискотеката и управител на правното лице.

„Дел од приведените лица кои се во полициска станица имаат директна вина според досега собраните докази. Приведено е и лице за кое имаме сомневање дека е организатор на настанот и дека има директна одговорност“, изјави Тошковски.

Реклама

Приведени се и поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во Министерството за економија, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и тројца вработени во Дирекцијата.