Реклама
Прилози

СДСМ во лицемерен стил: Груевски не го вадат од уста, ама молк за Васко Ковачевски и сомнежите за криминал тежок над 170 милиони евра

СДСМ и Филипче лицемерни, наместо да повикаат на одговорност за своите пулени,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Филипче лицемерни, наместо да повикаат на одговорност за своите пулени, за кои постојат сомнеж за тешки милионски криминали, секојдневно преку прес конференции и соопштенија, се занимаваат со поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил токму кога тие беа на власт. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Филипче и партиските колеги, ќе покажат дека сакаат вистинска правда, доколку побараат одговорност и за поранешни нивни функционери. Како пример го даде поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, а е осомничен за криминал тежок повеќе од 170 милиони евра, на штета и на буџетот и на здравјето на граѓаните.

-Од опозицијата се уште не ја научија лекцијата и се уште живеат во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете еве да речеме да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата и се чудам зошто во нивните прес конференции, доколку сакаат и пледираат да бидат реална алтернатива на оваа Влада не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски и да го повикаат исто така да се врати и да се соочи со правдата, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски секој мора да одговара доколку се огрешил пред законите, во државата мора да има подеднакви услови за сите, без разлика кој на која позиција бил, дали е поранешен или сегашен висок функционер и тоа ќе било така додека оваа Влада е на власт. Вели дека очекува опозицијата да биде вака критичка и доколку бидат отворени истраги за поранешни високи функционери на СДСМ, па дури и ако станува збор за поранешни премиери.

Реклама

-Имам чувство дека набргу високи функционери од претходната Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството итн, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информации. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку истите тие ќе ги повикаат да одговараат пред органите, изјави Мицкоски.

СДСМ пак преку прес конференција повторно со барање Министерството за правда да побарало екстрадиција на Груевски, иако тоа веќе е побарано повеќе пати минативе години.

По најновата изјава на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека Унгарија повеќе нема да биде оаза на пребегнати криминалци, сакам да упатам директна порака до Министерството за правда, без одолговлекување, веднаш да се пристапи кон барање да се врати Груевски онаму каде што го направи криминалот, а тоа е во Македонија, изјави Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ.

Инаку, Васко Ковачевски е осомничен во два случаи, еден за злоупотреби од 6,5 милиони евра со јавни набавки во Електраните на Македонија, а вториот со набавка на мазут, сомнежи за криминал вреден 170 милиони евра.

Груевски во 2018-та година од Унгарија доби азил како жртва на политички прогон во државава, во период владееја СДСМ и ДУИ. Околу повиците да побаат екстрадиција на Груевски, од Министерството за правда соопштија дека од судските органи и обвинителствата ќе ги побараат потребните списи за сите предмети поврзани со него и откако ќе ги добијат, ќе постапеле согласно позитивните законски норми.

Матеја Петровски