Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Владев: Значајни инфраструктурни и образовни проекти во Свети Николе – реконструирани улици, уредени училишни дворови и обновени фасади

Денеска сакам пред граѓаните на Свети Николе да презентирам конкретен дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска сакам пред граѓаните на Свети Николе да презентирам конкретен дел од она што го работиме и реализираме во нашата општина. Зад секој проект стои работа, планирање и ангажман, а најважно од сè – одговорност кон граѓаните и кон развојот на нашата општина, рече Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе на прес-конференција.

Во 2025 година реализиравме и работевме на повеќе проекти од областа на инфраструктурата, комуналната инфраструктура и образованието.

Во делот на патната инфраструктура, реализирани се:

Реклама

– реконструкција на улица во село Амзабегово;

– изградба на улица во село Ерџелија;

– реконструкција на улици во село Мустафино;

– реконструкција на дел од улицата „Карпошева“ и дел од улица „11-та Македонска Бригада“ во Свети Николе;

– реконструкција на крак од улица „4-ти Јули“;

– изградба на улиците „Петар Поп Арсов“ и „Климент Охридски“ во ДУП „Ливади“;

– реконструкција на улица „Ванчо Ангелов“;

– реконструкција на дел од улицата „Скопска“, од крстосница со улица „29-ти Ноември“ до крстосница со улица „Младинска“;

– реконструкција на дел од улица „Скопска“, согласно проектот.

Во делот на водоснабдувањето, во 2025 година е опфатена и изградбата на секундарна водоводна мрежа на дел од УЗ „5“, дел од блок 23, плански опфат 23.3 од ГУП за град Свети Николе, со средства од Министерството за животна средина.

Посебно внимание посветивме и на образованието.

Реализирано е партерно уредување на училишниот двор во ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе, со средства од МОН.

Исто така, реализирано е партерно уредување на училишниот двор во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Свети Николе, со средства од Бирото за регионален развој.

Во  „Кочо Рацин“ во Свети Николе е опфатена реконструкција на фасадата и кровот, со средства од МОН.

Продолжуваме и во 2026 година со нови проекти и реконструкции.

Во патната инфраструктура се опфатени:

– реконструкција на улица „Борис Трајковски“ – крак 1 и крак 3;

– реконструкција на улица „Борис Трајковски“ – крак 2;

– реконструкција на улица „Браќа Миладинови“;

– реконструкција на крак од улица „Питу Гули“, со средства од БРР;

– реконструкција на улица „29-ти Ноември“;

– реконструкција на крак од улица „Септемвриска“ во нашиот град.

Во 2026 година опфатена е и реконструкцијата на дел од речното корито на Горобинска Река, односно реконструкција и уредување на речното корито на потегот од улица „Крсте Мисирков“ до улица „Питу Гули“ во град Свети Николе.

Во делот на уредувањето на јавниот простор, опфатени се и реконструкцијата на спомен-костурницата во Градскиот парк Свети Николе и реконструкцијата на самата фонтана во паркот.

Во 2026 година се предвидени и направени фотоволтаици за сите локални институции.

Во делот на комуналната инфраструктура и опремувањето на ЈКП „Комуналец“, предвидена е набавка на трактор и приклучна механизација како и постапка за набавка на багер, камион за смет и контејнери.

Почитувани сограѓани,

Ова се конкретни проекти. Ова се работи кои се гледаат и кои остануваат зад нас како дел од развојот на Општина Свети Николе.

Нашата обврска е да продолжиме со работа, со реализација на проекти и со вложување во инфраструктурата, јавниот простор и условите за живот во нашата општина.

Пред граѓаните сакам да бидам јасен – работата во општина Свети Николе треба да биде видлива, конкретна и насочена кон потребите на граѓаните.

Продолжуваме понатаму, посветено и одговорно, со проекти кои се важни за Свети Николе и за сите наши сограѓани.