Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Пријавен за семејно насилство и уапсен поради неовластено тргување со оружје

М.Д. (45) од тетовско село Групчин бил пријавен за семејно насилство, по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

М.Д. (45) од тетовско село Групчин бил пријавен за семејно насилство, по што е и уапсен, зашто неовластено изработувал, посредувал и тргувањл со оружје и експлозивни материи, соопшти МВР.

Кај него, при претрес во домот, се пронајени три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми со непознат калибар, кои се одземени. 

-На ден 16.10.2026 во Полициското одделение Групчин е пријавено семејно насилство, загрозување на сигурност и телесна повреда од страна на М.Д. (45) од тетовско село. По добиена наредба од Основен суд Тетово, во времето од 21:30 до 22:30 часот извршен е претрес во домот на пријавениот, при што на скалите од влезната врата се пронајдени три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми со непознат калибар, кои се одземени. Исто така, сопругата на пријавениот истиот ден во 19:30 часот во СВР Тетово пријавила кривично дело телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста извршено од нејзиниот сопруг М.Д., информира МВР.

Реклама

По преземени мерки, М.Д. е лишен од слобода и задржан во СВР Тетово, а извештај е доставен до Основното јавно обвинителство Тетово со правна квалификација за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.