Реклама
Здравство

Регистриран е нов случај на тешка кашлица, а епидемијата во град Скопје продолжува да биде активна

Пријавен е нов случај на голема кашлица во периодот од 28 март…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пријавен е нов случај на голема кашлица во периодот од 28 март до вчера, за еден повеќе од претходниот седмодневен период, кога немаше пријавено случаи, информираат денеска од Институтот за јавно здравје.

„Случајот е од Куманово, од возрасната група од 10 до 14 години и невакциниран со вакцина што содржи компонента на пертусис. Случајот не е хоспитализиран,“ појаснуваат од ИЈЗ.

Во периодот 2024/25 година, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава, регистрирани биле вкупно 1.186 лица заболени од голема кашлица.

Реклама

Според податоците, највисока инциденца од 265,1/100.000 жители се регистрира во Кратово, во Скопје – 137,2/100.000 и 103,3/100.000 во Куманово.

Од ИЈЗ потсетуваат дека епидемијата на територија на град Скопје е сè уште во тек.