Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Здравство

Расте бројот на заболени од грип во Македонија

Расте бројот на заболени од грип во државата. Само последната недела регистрирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на заболени од грип во државата. Само последната недела регистрирани се нови 1053 случаи, што е за 3,2 пати повеќе од претходната недела, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здавје. Иако вирусот е со среден интензитет, сепак  состојбата не е алармантна, ако се земат во предвид бројките од истиот период минатата сезона. Најголем број на заболени има во Скопје, Дебар, Куманово. Матичните лекари потенцираат дека кон крајот на месецот и во февруари, кога ќе стартува и школската година грипот  ќе го достигне својот пик.

„Малаксаност, главоболка, болка во грло, кашлица, покачена температура. Тоа се најчесто симптомите на коишто се жалат пациентите„ изјави д-р Валентина Митрова.

И во Штип, бројот на заболени од грип е во пораст. Во просек секој ден се дијагностицираат по три нови случаи. Само последната недела има 22 новозаболени. Лекарите препорачуваат лицата со симптоми на грип да не се движат во групи и  на своја рака да не земат терапија.

Реклама

„Никако антибиотици на своја рака без препорака од лекар. Оние што имат хронични заболувања како дијабет, покачен крвен притисок, астма задолжително да се јават кај матичен, бидејќи и те како грипот може да биде сериозно заболување„ изјави д-р Валентина Митрова.

Во однос на возраста, 633 заболени се на возраст од 15 до 64 години, а 323 се деца на возраст до 14 години.