Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Продолжува реконструкцијата на патот Делчево – Пехчево, нови 15 милиони денари за дополнителна делница

Продолжуваат активностите за подобрување на патната инфраструктура на регионалниот пат Делчево –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваат активностите за подобрување на патната инфраструктура на регионалниот пат Делчево – Пехчево. За реконструкција на нова делница во должина од 1.300 метри се инвестираат 15 милиони денари преку годишната програма за инвестиционо одржување.

За тековните активности информираше градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој упати благодарност до екипите на ЈПДП, директорот Коце Трајановски и ЈП „Македонија пат“ – Подружница Штип за континуираната реализација на капитални инвестиции во регионот.

Според информациите кои тој ги сподели на неговиот фејсбук профил, во текот на 2025 година биле вложени 48 милиони денари за реконструкција на патниот правец од Делчево до селото Габрово, како и на дел од регионалниот пат Делчево – Пехчево.

Реклама

-Со најновата инвестиција продолжува обновата на овој значаен патен правец. Инвеститор на проектот е ЈПДП, додека изведувач на градежните активности е ЈП „Македонија пат“ – Подружница Штип, информира Гоцевски.

Од Општина Делчево посочуваат дека регионалниот пат Делчево – Пехчево е од особено значење за жителите од регионот, а со реализацијата на ваквите проекти се овозможува побезбеден сообраќај, подобра поврзаност и поквалитетно секојдневие за граѓаните.