Со поставувње на камен темелник во близина на Штип, денеска стартуваше изградбата на најголемиот ветерен парк во Западен Балкан. Со инвестиција од над 500милиони долари, компанијата „Алказар енерџи партнерс„ ќе изгради 55 ветерници со кои ќе се ќе намалат штетните емисии, а истовремено ќе влијае и на цената на електричната енергија.
„Раководството на оваа држава нас не туркаше да ги завршиме работите побргу. Денеска ги поставуваме темелите на овој значаен проект. Ќе изнесува над 500милиони долари, ќе создаде 600работни места, ќе обезбеди струја за над 100.000 домаќинства и ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид„ рече Калдерон
Според премиерот Христијан Мицкоски, оваа инвестиција е уште еден доказ дека Македонија прави гигантски чекори во економијата. Вели, дека резултатот од 3,2 % раст на БДП во првиот квартал ќе биде и натфрлен во вториот.
„Како Влада сме сериозно посветени на економијата бидејќи силно веруваме дека имаме огромен потенцијал и тој потенцијал што го имаме и како Влада, но и човечкиот потенцијал со кој располага државата може да не одведе со гигантски чекори напред. И тоа го правиме. Такви се првичните индикатори од оваа година. За нас гигантски, за разлика од чекорењата наназадизминатите седум години„ изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Изградбата на најголемиот ветерен парк во Западен Балкан, е психолошки момент со кој покажуваме дека како нација може да водиме големи проекти, но истовремено има директен и индиректен импакт во економијата, порача министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски.
„Во однос на економијата имаме директен и индиректен импакт. Директен е она што ќе се произведе и продаде кое директно влегува во БДП, а индиректниот е многу поголем. За стопанството, за индустријата затоа што светот оди напред. ЕУ правилата, во однос на зелена транзиција ги постави и нема да се врати назад. а тие тие велат дека особено во металната, во челичната индустрија, во индустриите кои придонесуваат најмногу за нашиот БДП дека од 2026 мора да се користи зелена„ истакна министерот за транспот и врски и вицепремиер, Александар Николоски.
Ветерниот парк треба да бие изграден до 2027 година и ќе има животен век од 30 години. Ќе произведува околу 1 милион мегават часови, што е 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјата.

