Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

По протестите на оризопроизводителите во Чешиново-Облешево, Трипуновски најави пуштање вода од Калиманци

Оризопроизводителите од Чешиново-Облешево, излегоа на протести. Со трактори, блокирајќи ја едната коловозна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оризопроизводителите од Чешиново-Облешево, излегоа на протести. Со трактори, блокирајќи ја едната коловозна лента од регионалниот пат Штип-Кочани, побараа да се направи корекција во планот за наводнување, исплатата од 6денари да биде по килограм предадена арпа, а не по единица декар и веднаш да стартува откупот за стоковите резерви. Доколку до крајот на неделата не се пушти вода од хидросистемот Калиманци, полињата ќе останат непосеани, категорични се оризопроизводителите.

„Наместо да сме во нивите, ние протестираме. Рокот за сеидба е пробиен за крупните сорти, вода се уште нема во нивите. Ја чуваат во браната, зошто ја чуват немам информации. Планот што го имат донесено не го спроведуват и го имат пробиено и поради тоа сме доведени во ситуација да мора да излеземе на патот„ изјави Тони Максимов, оризопроизводител.

„Шесте денари да се дадат на сите што жнееле во септември и во март и да биде по предаден килограм. Вака е многу нејасно. Прво беше од предадена арпа, сега од декар, а во меѓувреме имаме рокови„ изјави оризопроизводител.

Реклама

„Владата донесе одлука да се интервенира со откуп на 3000тони оризова арпа за стоковните резерви , но и тоа не е испочитувано„ изјави Ѓорги Каракашев, од Националната мрежа на земјоделци.

Земјоделците нека бидат спокојни, најавата за врнежи од дожд ќе ја подобри состојбата во браната Калиманци . Водата за наводнување веднаш ќе биде пуштена и со тоа ќе се  исполнат оптималните услови за новата сеидба, порача министерот  за земјоделство, кој денеска веднаш по завршувањето на протестот одржа средба со оризопроизводителите од Чешиново-Облешево.

„Имаше потреба за одредени прилагодувања согласно хидролошката состојба. Меѓутоа она што утрово го добив како информација од директорот на УХМР, е дека во нардните денови ќе имаме интензивни врнежи, што значи дека хидролошката состојба далеку ќе се подобри. Заедно со директорот ќе поразговараме со земјоделците, бидејќи од нивна страна имаше барање за оние виоките зони, песокливите површини да бидат практично ненасеани со ориз, а се останато да биде покриено со вода. Информацијата што ја споделувам е дека водата уште денеска ќе биде пуштена„ изјави министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Новата сеидба на ориз трба да заврши најдоцна до 15 мај.