Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Пикси со идеја: Ќе предложам да одиграме хуманитарен меч со Македонија!

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ, денеска покажа голема хуманост и…

Сподели:

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ, денеска покажа голема хуманост и изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.

Тој исто така откри дека планира да предложи организирање хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија, преку кој би се собрале средства за помош на настраданите.

„Би сакал да изразам сочувство до семејствата на жртвите. Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да се контактира со македонскиот сојуз за евентуално организирање пријателски натпревар од хуманитарен карактер“, изјави популарниот Пикси на прес-конференцијата во Стара Пазова, пред дуелите со Австрија во баражот за останување во А дивизијата од Лигата на нации.

Реклама

Пожарот избувна во ноќта меѓу саботата и неделата во дискотека во Кочани, при што загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.