Реклама

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Економија

Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи зад ова 

Венко Филипче во телевизиско интервју рече дека нема никаква врска со вистинскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче во телевизиско интервју рече дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД медплант“ и поранешен функционер на СДСМ, Тони Котев, а како што гледаме на фотографијата, тие двајца добро се познавале и соработувале, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Со денови ги слушаме СДСМ и Филипче во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој сè уште не, но еве ја вистината на дело.

Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг.

Реклама

Венко Филипче во телевизиско интервју рече дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД медплант“ и поранешен функционер на СДСМ, Тони Котев, а како што гледаме на фотографијата, тие двајца добро се познавале и соработувале, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. 

Венко Филипче и Тони Котев рамо до рамо еден до друг.

Венко Филипче и СДСМ, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање: зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за заплената на 30-ина тони дрога? Дали во СДСМ се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал?

Каде што има чад, има и оган. Каде што има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција водат кон Филипче и Заев.

Го повикуваме ЈО да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев во случајот со 30-те тони запленета дрога.