Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Навремената исплата на лозарите, поддршка на оризопроизводителите во инос од 12,8 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навремената исплата на лозарите, поддршка на оризопроизводителите во инос од 12,8 милиони евра и исплата на субвенција за јаболко од 2 денари по килограм за реколтата 2024. Ова се главните приоритети на министерството за Земјоделие. Обезбедни се средства, но се работи и на подобри услови за користење на пари од кредитната линија од Развојната банка, со цел да им се излезе во пресрет на винарииите за да обезбедат поголем откуп на грозје. Досега македонсктие винарии прифатиле и преработиле 80 милиони кг грозје додека за извоз се дадени 13 милиони кг.

„Винариите ќе имаат можност да имаат достап до 794 милиони денари  односно околу 12,8 милиони евра. Оваа финансиска поддршка ќе ја зајакне нивната ликвидност и ќе создаде услови за навремено исплонување на обврските кон лозарите и откупеното грозје“, изјави Цветан Серафимовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Но, за зголемено производство на земјоделски производи и директна помош на земјоделците да се изборат со високите цени на репроматеријалите, Министерството вети дека неделава започнува и доделувањето на картички за зелена нафта. На овој начин, земјоделците ќе може да направат заштеда, поради користење на поевтин дизел за обработка и берба на посевите.

Реклама

„Во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта за оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3% со што директно го намаливме трошокот за гориво во периодот кога земјоделците повторно влегуваат на нивите“

Од друга страна пак директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, потврди дека овчарите на кои им угинаа 10.000 грла овци поради овчи сипаници, ќе бидат обештетени. Паралелно за заштита од болести, обезбедени се и 450000 вакцини.