Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Петнаесет илјади метри кубни земја ќе завршат на Буково заклучно со 2027…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петнаесет илјади метри кубни земја ќе завршат на Буково заклучно со 2027 година. Отпадот и земјата се распоредуваат во слоеви, со цел да се намали можноста за опожарување. И ова е само начин за привремено менаџирање на депонијата која половина век ги труе жителите на охридско-преспанскиот регион. Буково, вели градоначалникот, ќе се уредува со земја и механизација сè до изградбата на регионална депонија во Новаци како единствено трајно решение.

„Оваа година, врз основа на количините коишто беа депонирани, лично мислев дека нема да имаме проблем, меѓутоа депонираната земја е само еден начин за менаџирање на депонијата и не е конечен, секако, и се случи тоа што се случи. Во 2026 година досега се депонирани 8.000 метри кубни земја, остануваат уште 3.000 метри кубни до крајот на годината да бидат депонирани и со тоа да бидат превенирани било какви несакани последици“, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Паралелно со тековното одржување, се подготвува и следната фаза – затворање на Буково. Општината, во соработка со УНДП, веќе го заврши проектот за ремедијација, односно затворање на депонијата, вреден 5 милиони денари. Истиот го ревидира Градежниот факултет при УКИМ, а во целата постапка е вклучен и Земјоделскиот факултет. На локацијата каде се одлага неселективен отпад, се депонира и органски отпад, кој кога гори ослободува големо количество метан.

Реклама

„Со референтна лабораторија за испитување на примероци од водоотпадот од депонијата и се работи во моментот на тие лабораториски анализи за отпадот и депонискиот исцедок. Дополнително, геотехнички истражни работи на локацијата Буково се завршени, добиени се прелиминарни поединечни профили и ситуација за девет истражни дупнатини. Што значи дека начинот на депонирање на земја и затворање и вадење на метанот од самата депонија како процес во иднината е нешто коешто ќе се случува безмалку паралелно со отворање на регионалната депонија“, вели Пецаков.

Кога регионалната депонија во Новаци ќе стане реалност, треба да започне и последната фаза од приказната за Буково – санација, затворање и контрола на депонискиот метан. Од Општината најавуваат соработка со компании од Словенија и користење европски фондови, со цел трошокот за затворањето да биде што помал товар за Охрид. Во меѓувреме, се врши осветлување и оградување на просторот, како и строго ограничување на пристапот за неовластени лица.