Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Инфлацијата е стабилна, основните производи подолг период имаат стабилна цена, а сето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата е стабилна, основните производи подолг период имаат стабилна цена, а сето тоа е благодарение на ниската цена на нафтата и енергенсите кои ги користи македонската индустрија. Стопанствениците потврдуваат дека политиките за одржување на ценовната стабилност на дизелот и ниската цена, споредбено со цената во Европа, ја остава македонската економија конкурентна на глобалниот пазар.

Според Загорка Блажевска, стопанственик и сопственик на преработувачка индустрија, оперативните трошоци во кои влегуваат цените на енергенсите засега даваат резултат. Тие потврдуваат дека продолжувањето на овие политики ќе придонесе за долгорочна стабилност на крајната цена која ја плаќаат потрошувачите.

„Стабилноста на цените на горивата и на енергенсите во соодветно во ова време дава соодветни резултати. Трошоците за транспорт и дистрибуција се попредвидливи, компаниите полесно ги планираат набавките, а воедно и производството. Тоа го ублажува и притисокот за поскапување и од една страна им помага на производителите да ја задржат конкурентноста, изјави Блажевска.“

Реклама

Според искуството на Блажевска, која и самата е сопственик на компанија од преработувачката индустрија, засега политиките за одржување на стабилни цени на горивата даваат поголема конкурентска предност и крајна пониска цена.

„Бидејќи директно соработуваме со прехранбената, фармацевтската, козметичката индустрија, а од друга страна преку комората ги следиме и искуствата на другите компании, оваа стабилност има навистина практично значење во секојдневното работење. Секако, крајната цел не зависи само од поскапување на цената на горивото, меѓутоа и од другите оперативни трошоци. Кај нас навистина има доста резултат и тоа дава еден одличен одговор кај крајната цена, кај формирањето на крајната цена за крајните потрошувачи“, додаде Блажевска.

Од Владата потврдуваат дека стандардот на граѓаните е приоритет. За таа цел се разговара со ОКТА за дополнителен попуст на цената на нафтата за користење на нивните услуги и се очекува дополнително намалување на цената на горивата од понеделник. Ова го потврди и премиерот Мицкоски, кој според она што досега го има како информација, очекува цената на горивата од понеделник да продолжи да се намалува.

Сепак, за колку конкретно, ќе мора да се почека на пресметките кои ќе ги направи Регулаторната комисија за енергетика. Ако се направи анализа според податоците од движењата на светските берзи, од понеделник македонските граѓани би требало да возат со цени под 100 денари за литар дизел. Со мерките кои сè уште се актуелни, за очекување е цената на дизел горивото да се намали за три, па можеби и четири денари за литар. Слично поевтинување би требало да има и кај бензинот.

Причината за оптимистичките пресметки е одлуката на земјите од Г7 за поголемо ослободување на резервите од дизел, при што за само еден ден цената на овој енергенс се намали за скоро 5 процентни поени. Конечната одлука за цената на нафтата и нафтените деривати ја носи Регулаторната комисија за енергетика во понеделник околу пладне, а цените почнуваат да важат од полноќ истиот ден.