Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ преминува од ветување во реализација

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека денеска е направен конкретен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека денеска е направен конкретен чекор кон реализација на проектот за булеварот „Цветан Димов“. Екипите на Општина Чаир, заедно со геодетски експерти, излегоа на терен за прецизно утврдување на трасата на булеварот, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

Реализацијата на овој проект се очекува значително да го подобри сообраќајот и инфраструктурното поврзување на Чаир со Бутел, Шуто Оризари и околните општини.

Според Меџити, проширувањето на „Цветан Димов“ претставува една од значајните инфраструктурни интервенции и долгогодишна потреба на граѓаните од овој дел на градот.

Реклама

– Денеска направивме конкретен чекор кон реализација на булеварот „Цветан Димов“. Нашите екипи, заедно со геодетските експерти, се на терен за прецизно утврдување на трасата. За мене, овој проект е повеќе од инвестиција во инфраструктурата – тој е исполнување на едно ветување и одговор на долгогодишната потреба на граѓаните. Ветувањата имаат вредност само кога се претвораат во конкретна работа, а булеварот „Цветан Димов“ веќе преминува од ветување во реализација – пишува во изјавата на Меџити.

Градоначалникот истакнува дека реакциите на граѓаните на терен се исклучително позитивни, бидејќи проширувањето на оваа сообраќајница се очекува директно да придонесе за олеснување на сообраќајот и подобрување на инфраструктурната поврзаност во овој дел на Скопје.