Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Пораките на Урсула Фон Дер Лајен дека Македонија е лидер во реформските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пораките на Урсула Фон Дер Лајен дека Македонија е лидер во реформските процеси се охрабрувачки и мотивирачки да се продолжи успешно токму на овој пат. Премиерот Христијан Мицкоски задоволен по средбата со претседателката на Европската Комисија, која според него била пријателска, корисна и содржајна, а можеби и клучна за некои процеси во иднина.

Според Мицкоски радува и тоа што се споменува можното постепено членство во Унијата, бидејќи тоа би било нова шанса за државава да се приближи кон големото европско семејство.

-Она кое што го кажа претседателката кај нас создава чувство на охрабрување, посебно пораката дека личниот ангажман на Владата, испораката на реформите се нешто кое што претставува најдобро во регионот. Постепената или градуална интеграција е исто така шанса за нас. Сето ова не охрабрува и не мотивира да продолжиме по патот на реформите во периодот кој што следи, изјави Мицкоски.

Реклама

Сепак Мицкоски вели дека не може да биде задоволен од тоа дека јасно ни било порачано, дека на маса останува наследстово од претходната Влада, односно Бугари во Устав. Но, она што е добро е дека постои поттик за деблокада на целиот процес, преку директна комуникација со Бугарија. За наредната недела е предвидена билатерална средба меѓу министерот Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова, која е иницирана од наша страна.

Мицкоски порачува дека и покај лагите и измислиците, кои сега ги испраќала опозицијата, актуелната власт ќе ја продолжи борбата да го исправи и врати она кое што го распродале СДСМ и ДУИ. 

-Како што гледаат стигнавме до разговори, порано нешто што не беше возможно еве се случува, еве разговараме и уште многу работи ќе направиме кои тие не можат ни во најдобриот да ги замислат. Само треба време и ќе се случи се. Ќе се бориме, нема предавање, ќе се бориме, не е лесно, премногу испопродадоа овие претходно, премногу испоуништија, премногу испокрадоа, но не се откажуваме, украденото ќе го вратиме, тоа што е распродадено ќе се бориме да го вратиме, изјави Мицкоски.

Фон Дер Лајен од Скопје порача дека Македонија постигнала успех во планот за раст, велејќи дека напредокот е навистина импресивен, за што говорат и средставата од 140 милиони евра кои државава ги доби од ЕУ. Пофалбите од неа пристигнаа и за „Везилка“, платформа создадена од овој владин тим преку која Македонија ќе се приклучи кон ЕУ на поинаков начин, со што новите компании ќе добијат шанса преку вештачка инетлигеција да и се приклучат на Унијата.

Матеја Петровски