Дел од општина Карпош во текот на утрешниот ден ќе остане без вода за пиење, информираа денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето од 10 часот ќе било прекинато за корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“ и дел од „Орце Николов“, „Никола Тесла“, „Мирка Гинова“ и булевар „Илинден“.

