Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Чедомир Миндеровиќ“, прекинато водоснабдување ќе имаат нејзините корисници во текот на утрешниот ден, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според најавата, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот.

