Реклама

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Прилози

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Куповната моќ на пензионерите е значајно зголемена. Минималната пензија од 7.783 денари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куповната моќ на пензионерите е значајно зголемена. Минималната пензија од 7.783 денари, за 10 години порасна на 21.151 денар, што е раст од 176%. Поголем исчекор во примањата на највозрасните имаше во последниве две години кога пензионерите добија плус 7.000 денари на своите сметки. На овој начин, минималната пензија драстично се приближи до минималната плата во државата од над 26 илјади денари. За првпат во историјата на македонскиот социјален систем, најниските пензии покриваат дури 80 отсто од минималната работничка плата. Голема разлика има и во просечната пензија која пред 10 години изнесуваше 13.106 денари, а сега таа изнесува 28.891 денар. Намален е и јазот помеѓу минималната и просечната пензија. Владата уверува дека пензискиот систем е стабилен, но исто така не негира дека реформи треба да има. Премиерот во неколку наврати порача дека со меѓународните финансиски институции се прават анализи, но дека нема да се оди во пензија подоцна.

Со свое истражување излезе и Фискалниот совет. Тие препорачуваат постепено зголемување на придонесот за пензиско осигурување до 20%, поголемо учество на жените на пазарот на трудот, намалување на неформалната економија, но и пораст на пензиите исклучиво согласно стапката на инфлација. Ако се воведат, овие реформи би го намалиле дефицитот во фондот од сегашните 5,2% од БДП, на 4,2% во 2030 година.

Реклама

За директорот на Фондот за пензиско осигурување, прифатлив е предлогот за зголемување на придонесот за пензиско осигурување. Сепак, алармира дека голем притисок врз финансиите на фондот прават исплатите кон пензионерите со бенефициран стаж, како и кон Фондот за здравствено осигурување за лечење на пензионерите.

Фискалниот Совет смета дека треба да им се дозволи на пензиските друштва што управуваат со парите на вработените, да ги вложуваат во поризични инструменти како акции кога се помлади, а за оние кои се на 10 години до пензија во обврзници и посигурни пласмани. Без реформи во пензискиот систем, Фискалниот Совет пресметал дека дефицитот во првиот пензиски фонд од сегашните 885 милиони, по 10 години ќе се зголеми на 1 милијарда и 300 милиони евра. Студијата покажува дека ако се воведат поединечно мерки, тие не се доволни. Доколку, пак,  ситуацијата остане иста, дупката во фондот од 5,2% од БДП, ќе се зголеми на 6,6% за 10 години, по што постепено ќе се намалува на 5,5% во 2050 и 2,7% во 2070-та година.