Реклама

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Прилози

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија доби пофалби дека на реформите работи како никогаш претходно, зборовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија доби пофалби дека на реформите работи како никогаш претходно, зборовите на Урсула Фон Дер Лајен се мотивирачки да се продолжи со извршувањето на домашната задача со цел приклучување на државата Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски вели средбата со претседателката на Европската Комисија, била квалитетна, содржајна и инспиративна, а опозицијата и медиумите блиски до СДСМ, се обидувале да ја искривуваат вистината дека тој бил незадоволен од разговорите со Фон Фер Лајен.

-Имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она што во иднина преставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија не мотивира да продлжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот кој што следи. Јас само ќе кажам дека претседателката Фон Дер Лајен како никогаш до сега кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и на сето она што е посветено на приклучување на државата кон ЕУ, изјави Мицкоски.

Македонија на европскиот пат е блокирана само поради бугарските непринципиелни барања. Со цел да се откочи и одблокира процесот министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски веќе побара во четврток во Софија да седне на маса со својата бугарска колешка Велислава Петрова. Мицкоски вели дека прво бугарската страна треба да ја прифати иницијативата, па да се говори за очекувањата од оваа средба. 

Реклама

-Добив совет од претседателката на Европската Комисија, го замолив министерот за надворешни работи и надворешна трговија да побара средба, тоа тој го направи, се уште немаме одговор, откако ќе добиеме одговор тогаш повеќе ќе можеме да коментираме, изјави Мицкоски.

На лидерот на СДСМ, Венко Филипче пак сега му пречи што Муцунски ќе одел во Бугарија, што ќе барал таму. Со реторика иста како бугарската, вели дека Бугарите во Устав, не биле услов на Бугарија, туку на Европската Унија.

-Што ќе прави во Бугарија, зошто треба да се оди во Бугарија кога ние имаме работа со Брисел на темата. Зошто сакаат тоа да го направат, да го билатерализираат прашањето, кога не е така како што сакаат тие да го прикажат. Нека оди тоа му е работа, прашањето е зошто не беше до сега и што може да се очекува од таа средба. Јас повторно ќе кажам, ништо не очекувам, затоа што е е изговор, овие луѓе не сакаат во Европа, изјави Филипче.

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова кажа дека тие се подготвени за разговори со Македонија, но без ултиматуми и остапки од политиката на ЕУ. Таа кажа дека е умерен оптимист и ќе побара од шефицата на бугарската дипломатија да и ја даде на увид дипломатската нота од Муцунски. Средбата би требало да се одржи веќе во четврток во Софија, на маргините на Министерсткиот состанок посветен на Коридорот 8.

Матеја Петровски