Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност

Фотографијата на која јасно се гледа Венко Филипче во друштво на газдата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фотографијата на која јасно се гледа Венко Филипче во друштво на газдата на фабриката со илегалната марихуана, Тони Котев, упатува на директна вмешаност на Филипче во шверцот со илегалната дрога, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Телевизискиот настап на Филипче во кој ја негира врската со поранешниот функционер на СДСМ, а воедно и реалниот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, е уште една од низата манипулации и замајување на јавноста од страна на СДСМ и Филипче, кои ги разобличивме преку оваа фотографија.

Евидентно од сликата на која Филипче и Тони Котев стојат рамо до рамо, како петок и сабота, укажува на доброто познанство и соработката помеѓу нив.

Реклама

И наместо СДСМ и Филипче да прават замена на тези, и да бегаат од одговорност, треба да и одговорат на јавноста зошто се толку вознемирени и хистерични за заплената на овие 30 тони дрога? Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата? Од каде предзнаења на Филипче за тоа колку камиони се потребни за одредена количина дрога? Дали промена на Правилникот за одгледување на канабис од 2023 година ја направија за олеснување на нарко-бизнисот?

И Филипче и Заев се синоним за криминал и корупција во Македонија, прашањето е колку изнесува вкупниот профит од сите криминални зделки кои ги направиле за време на нивното владеење.

Јавноста заслужува одговори и еднакво владеење на законот за сите. Затоа го повикуваме ЈО, да ја истражи релацијата на Заев и Филипче во случајот со 30-те тони запленета марихуана.